ДЗС: Зголемен е бројот на издадени дозволи за градење во однос на минатата година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2024 година се издадени 363 одобренија за градење, што е за 11.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8.469.616 илјади денари, што е за 12.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 216 (59.5%) се наменети за објекти од високоградба, 75 (20.7%)
за објекти од нискоградба и 72 (19.8%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 363 објекти, на 223 (61.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 140 (38.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 913 станови, со вкупна корисна површина од 81 247 м2.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: Зголемен е бројот на издадени дозволи…
Според податоците на Државниот завод за статистика,…
Селата ќе останат празни, градовите пренаселени –…
Во ноември 2021 година се издадени 406…
Трошоците на живот во 2021 зголемени во…
Трошоците на живот во декември биле поголеми…
Сте одбиле да се попишете? ДЗС Ве…
Најголемиот дел од населението е попишан, а…