Агелер: Ако ние најдовме докази за корупција, тогаш можат и македонските институции

t

Американската амбасадорка, Анџела Агелер денеска порача дека дел од граѓаните гледаат со неверување на одлуката на Стејт департментот за проширувањето на црната листа со Артан Груби и Енвер Беџети. Вели дека ги видела критиките кон САД во однос на тоа „зошто го правите ова, кога нема судски процеси и постапување во земјава“.

-Тоа е затоа што ние овде немаме припадници на полиција или претставници на судската власт. Задолжени се според законот во САД да ги санкционираме лицата за кои имаме индиции за криминал и корупција. Што ќе се случува понатаму е до законодавството и судството во земјава. Но, можам да кажам дека ако ние можевме да најдеме докази, можат и македонските институции. Ако доказите се достапни, имате Финансиска полиција, Обвинителство, судии… Постои процес и мислам дека граѓаните сакаат да видат дека ќе се случи понатаму. (Законот за) Рестриктивните мерки беа одлична идеја, но, ние не можеме да контролираме кои закони ќе поминат, истакна Агелер на прес-конференција во американската амбасада.

Таа додаде дека се надева дека со оваа акција ќе стане јасно дека САД можат и ќе ги употребат сите средства што им стојат на располагање за да ги изнесат на одговорност сите лица кои извршиле криминални дејствија и ја поткопале стабилноста и демократските вредности на Македонија.

Агелер го повтори својот претходен став дека „корупцијата е епидемија и рак рана во општеството“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агелер: Ако ние најдовме докази за корупција,…

Американската амбасадорка, Анџела Агелер денеска порача дека…

Ванковска: И оној ко*ачот од ИСИС беше…

И кољачот од ИСИС беше на црната…

СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот…

СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот…

Артан Груби и Енвер Беџети завршија на…

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер…

САД подготвуваат нова воена помош за Украина…

САД подготвуваат пакет од дополнителна воена помош…