(Видео) Судар на два танкери во Црното Море, од ударот едниот од нив се преполовил
Два танкери „Волгоњефт 212“ и „Волгоњефт 239“ се судрија во Црното Море поради невреме, поради што се излеајаа превезуваните нафтени деривати, соопшти руската Федерална агенција за поморски и внатрешен воден транспорт. Најмалку едно лице загина, пренесува РИА Новости.
„Денеска како последица на невремето во Црното Море се судрија две танкери „Волгоњефт 212“ и „Волгоњефт 239“. На бродовите имало 15 и 14 членови на екипажот. Како последица на несреќата во морето се излеале нафтени деривати“, се наведува во соопштението.
Во инцидентот еден од морнарите евакуирани од танкерот „Волгоњефт 212“ починал, соопшти Министерството за вонредни ситуации на својот Телеграм канал.
Во соопштението се додава дека е започната спасувачка акција. На местото на несреќата се испратени два шлепери и два хеликоптери, а евакуацијата е во тек. На снимката од несреќата може да се види како од ударот цистерната „се преполовила“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…
Нафтените гиганти од САД објавија рекордни добивки
Нафтените гиганти ЕксонМобил и Шеврон заработија вкупно…
Драматичен пад на цената на нафтата по…
Цените на нафтата значително паднаа откако САД…
Брент собори нов рекорд: Нафтата е најскапа…
Глобалните цени на нафтата го забрзаа својот…
Цените на нафтата повторно растат
Цените на нафтата на светските пазари денес…