(Фото галерија) Арачиново под полициска опсада! Еве како изгледа акцијата на МВР
Полициска акција во која се вршат претреси, а има и уапсени, вечерва се одвива во скопско Арачиново и во Чаир. Дел од медиумите објавија дека се работи за акција за апсење на членови на криминалната група Дуќанџик.
Од МВР ја потврдија акцијата, но детали најавија дека ќе објават во текот на утрешниот ден.
Ова е втора акција на МВР денеска во која има приведени лица. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека четири лица биле уапсени утринава во Струга и во Гостивар.
Тошковски рече дека биле извршени претреси на повеќе локации, а за инволвираните лица вели оти биле дел од терористички организации, кои во соработка со лица кои се надвор од државата, подолг временски период биле следени од надлежните безбедносни органи и оти за нив се постапувало во координација со меѓународните пријатели на земјава.
Погледнете како изгледа акцијата низ објективот на Инфомакс.

















ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…