Унгарскиот кредит и Декларацијата за признавање на Палестина ќе се разгледуваат денеска во Собрание
Собранието денеска ќе одржи три последователни седници. Пратениците во рамки на 24. седница ќе расправаат по Предлог-одлуката за испраќање припадник на македонската Армија за учество во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во второ читање и Предлог-законот за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента II: ФЕ Битола 2 и Компонента III: Ветерен парк Богданци – фаза 2, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.
На дневен ред на оваа седница се и Предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, по скратена постапка, како и предлог-законите за образование на возрасните, за стручно образование и обука, за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Предлог-законот за средното образование, сите во прво читање.
Пратениците во рамки на продолжението на 14. седница треба да дискутираат за Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2023 година, Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2023 година и Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка.
Во рамки на продолжението на 22.седница, пратениците ќе расправаат по Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2024 година, Предлогот за разрешување членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија и Предлог на декларација за признавање на државата Палестина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ…
Собранието денеска треба да ги разгледа на…
Унгарскиот кредит и Декларацијата за признавање на…
Собранието денеска ќе одржи три последователни седници.…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре…
Во Собранието се очекува утре да почне…
Србија доби кредит од 1,13 милијарди евра…
Српската влада го усвои предлог законот со…