НСПВ: До кога министерот Мисајловски ќе молчи за криминалите во МО?
Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје до Јавното обвинителство поднесе четврта кривична пријава за фалсификат направен врз синдикатот, спроведен во Министерството за социјална политика, демографија и млади а реализиран во Министерство за одбрана.
Кривичната пријава е поднесена против 13 лица , поради основано сомневање за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и Злосторничко здружување по член 394 од Кривичниот законик, кривично дело Фалсификување или уништување на деловни книги по член 280 од Кривичниот законик и кривично дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 од Кривичниот законик. Се работи за истата криминална група од9 припадници на Армијата(З.П, М.И, О.Г, И.И, А.П, С.Д, З.С, И.Б и С.С,), еден поранешен припадник и сегашен претседател на синдикат во Армијата (А.А), три лицавработени во Министерството за социјална политика, демографија и млади (Р.Л, Л.К, Д.П). Дел од оваа криминална група се во блиска роднинска врска меѓу себе и се учесници во претходните три кривични пријави доставени до ОЈО од страна на синдикатот. Целта на оваа група е придобивање на финансиски средства на незаконски начин и уништување на Независен синдикат на професионални војници СО Скопје.
Го прашуваме Јавното обвинителство дали се доволни овие 4 кривични пријави со стотици докази за криминал и корупција, а вкупно се 7 кривични пријави кои се поврзани меѓусебно (за уништување на четвртиот синдикат во Армијата – НСПВ СО) за да се казни криминалот кои овие лица го прават повеќе од една година !
Исто го прашуваме и министерот за одбрана г-дин Владо Мисајловски, до кога ќе молчи МО за овие криминали на овие лица и до кога ќе им се уплаќа членарината од професионалните војници на сметката на овие криминалци !
Со почит, Претседател на НСПВ СО
Александар Насковски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НСПВ: До кога министерот Мисајловски ќе молчи…
Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје…
НСПВ: Дали министерот за одбрана има контрола…
Соопштение на Независниот синдикат на професионални војници:…
НСПВ поднесе трета кривична пријава против 17…
Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје…
НСПВ до Мисајловски: Ги игнорирате војниците и…
Независниот синдикат на професионални војници реагира на…
Толку од офанзивата, Украина се спрема за…
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…