НАТО: Србија сама треба да одлучи какви односи сака со Алијансата

t

На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука.

Досегашниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Белград, италијанскиот генерал Џампјеро Романо, нагласи дека НАТО ја почитува воената неутралност на Србија, но тоа не ја спречува соработката.

– Професионалноста на српските војници е препознаена во меѓународните мисии, како оние во Либан и Централноафриканската Република, рече Романо.

Помошник-министерот за надворешни работи на Србија, Игор Кужелка, истакна дека во јавноста постои „негативен став кон НАТО“, потсетувајќи на бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.

– Не смееме да ја заборавиме минатото, но мораме да гледаме напред, изјави тој. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…

Потпишан е договорот за продажба на рускиот…

Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…

Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…