Популарното „Дубаи чоколадо“ содржи ОПАСНИ состојки – извршена детална анализа
Според истражувањето од Германија, популарното „чоколадо од Дубаи“ може да биде опасно по здравјето.
Во сите примероци што ги анализирала Агенција за хемиски и ветеринарски истражувања биле откриени контаминации, алергени, вештачки бои и маснотии кои не се какао-путер, единствената дозволена маст во чоколадо.
Примероците од популарното „Дубаи чоколадо“, увезени во Германија, беа откриени дека содржат многу штетни состојки, објави во четвртокот Министерството за потрошувачи на сојузната покраина Баден-Виртемберг.
Анализите покажале дека чоколадото од Обединетите Арапски Емирати е толку контаминирано при производството што не е погодно за човечка исхрана.
Покрај тоа, во сите примероци била пронајдена голема количина на вештачки бои, кои создаваат лажен впечаток за поголема содржина на квалитетни состојки, како на пример крем од ф’стаци.
Дубаи-чоколадото последниве месеци стана многу популарно во Германија, особено на божиќните базари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тајкуните масовно го префрлаат капиталот од Дубаи…
Сјајот на метрополите Абу Даби и Дубаи…
(Видео) Се запали облакодер во Дубаи
Голем пожар избувна на градилиште на облакодер…
Во Дубаи уапсен лидер на ирски картел
Лидерот на еден од ирските картели, Даниел…
Танкер со нафта погоден во Дубаи
Иранските сили директно нападнаа кувајтски танкер за…
Украдени 12 тони KitKat чоколадо!
Пратка од околу 12 тони чоколадни плочки…