СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО СОБРАНИЕ: Никој нема да знае кој, за што и колку троши!
Собранието денеска треба да ги разгледа на пленарна седница измените на Законот за јавни набавки.
Согласно измените, во членот 45, ао алинејата 3 зборовите: „и ги прави достапни до јавноста на неговата веб-страница“ се бришат.
Се уште важечкиот закон во овој дел гласи дека Бирото за јавни набавки дава мислења во врска со одредбите и примената на овој закон и ги прави достапни до јавноста на неговата веб-страница.
Накратко, јавноста НЕМА ДА ИМА ПРИСТАП до јавните набавки на Електронскиот систем за јавни набавки како што имаше до сега, а од кој систем произлегоа низа текстови на Инфомакс, по кои се поднесени кривични пријави.
Еден од нив е и текстот со наслов: Пецакот купил булдожер стар 36 години од Нефи Усеини за 3,3 милиони денари! По овој текст Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава.
Министерството за внатрешни работи, односно СВР Охрид, поднесе кривична пријава за Саше Најдески, ВД директор на Комуналец Охрид и близок соработник на Пецаков. Против него и уште други три лица е поднесена кривична за злоупотреба на службена положба и овластување, во врска со набавката на половен багер од фирмата на Нефи Усеини.
Вчера СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата С.Н.(38), С.М( 56) И.О (51) и Т.Р (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 од КЗ ” и “Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” чл.275-в од КЗ.
С.Н. во својство на вд. директор на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид и С.М, И.О и Т.Р во својство на членови на комисијата за јавни набавки со злоупотреба и пречекорување на дадените службени овластувања иако знаеле дека ценат на единствената понуда за набавка на работна машина – булдужер е повеќекратно ( до 5 пати) повисока од пазарната вредност на истата, на ден 17.01.2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице “НЕФИ ИК” ДООЕЛ Охрид со што го оштетиле буџетот на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид за сума од 3.304.000,00 денари.
Да се вратиме на измените на Законот. Понатаму, Државната комисија за јавни набавки е предвидено да има шест, наместо досегашните четири членови.
Наместо познавање на меѓународно признаен сертификат, во измените на законот се бара активно познавање на јазик, при што не е прецизирано како ќе се утврдува дали некој го познава јазикот или не.
Истото е предвидено и за претседателот на комисијата.
Предлогот на законот со кој јавноста се исклучува комплетно од увидот во јавните набавки се пратениците Бојан Стојаноски, Антонијо Милошоски, Драгана Бојковска, Игор Зздравковски, Зоранчо Јованчев, Александар Јамалов и Љупчо Пренџов.
Дали пратениците се свесни што предлагаат или се опиени од пратеничките фотелји и мислат дека вечно ќе бидат власт, па ќе можаѕт само тие да манипулираат со јавните набавки, тоа останува да видиме.
Како и да е, доколку овие измени на Законот бидат изгласани во Собранието, збогувајте се со отворени случаи на наместени тендери или текстови кои отксираат скандалозни јавни набавки бидејќи ниту ние, ниту вие ќе имаме можност да видиме за што и колку се троши во државава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ…
Собранието денеска треба да ги разгледа на…
Унгарскиот кредит и Декларацијата за признавање на…
Собранието денеска ќе одржи три последователни седници.…
Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре…
Во Собранието се очекува утре да почне…
Пропадна и десеттиот обид за претседател на…
Во десеттиот обид, ниту еден од двајцата…
Апасиев: Вмровски мајмунџилаци, Законот за заштита на…
Спикерот Гаши го испраќа Законот за заштита…