Објавено на:

Мелони: Трамп нема да го анектира Гренланд, неговата изјава е порака за Кина

t

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони на годишната прес-конференција во Рим изјави дека САД немаат намера „насилно да ги анектираат“ Гренланд и Панамски Канал, толкувајќи ги изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како порака насочена кон Кина.

– Исклучувам дека САД насилно ќе присоединат територии од нивни интерес во наредните години … Изјавите на Трамп првенствено претставуваат порака насочена кон другите големи сили … Зборуваме за две територии каде што влијанието на Кина расте во изминатите години, посочи Мелони, која на 4 јануари имаше средба со Трамп.

Таа се осврна и на американската поддршка за Украина, која според неа нема да се намали.

– Искрено, не гледам дека САД се повлекуваат, наведе Мелони, додавајќи дека Трамп изјавил: „Бидејќи го сакаме мирот, нема да ја напуштиме Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони: Трамп нема да го анектира Гренланд,…

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони на годишната…

(Видео) „Нетанјаху нè вовлече во бескрајни војни“…

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на…

Од вторник на штрајк излегуваат и вработените…

Штрајкот на вработените во Државното правобранителство, кој…

Oпштина Карпош: Управниот суд го поништи претходното…

Поради повеќемесечни непринципиелни притисоци кои беа упатени…

Песков: Се чека Трамп да го направи…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави…