Објавено на:

Претседателката на АФД: За крзиата во Германија не е виновен ниту Путин, ниту светот, крива е оваа власт која ја мрази својата земја

t

Алис Вајдел, шефицата на фракцијата Алтернатива за Германија, во јавен настап истана дека Германија е во длабока рецесија.

Тоа е единствената индустријализирана земја која се намалува. За ова не е одговорен ниту Путин, ниту светот, ниту некоја измислена глобална климатска катастрофа. Оваа неспособна власт е единствена одговорна за катастрофата во нашата држава“, изјави Вајдел.

Таа, обраќајки се до владата додаде дека стотици илјади Германци добиваат сметки за парно и не знаат како да ги платат.

Нормалните заработувачи, пензионерите, семејствата, претставниците на средните бизниси и хонорарците треба секоја година да се ограничуваат сè повеќе за да врзат крај со крај. Но, не ни помислувате да се ограничите. Почестете се со нови хеликоптери и флота. Членовите на вашиот кабинет трошат многу пари на фризери и фотографи. Министерот за надворешни работи со голема придружба лета низ целиот свет, додека просечниот работник не може да си дозволи ништо.

Не можете добро да управувате со Германија и не сакате да го признаете тоа. Вие ја уништувате Германија. Ќе ви кажам зошто. Затоа што ја мразите својата земја, затоа што ја мразите Германија. Оваа влада ја мрази Германија! Во најмала рака, прифатете ја можноста за демократски трансфер на власта и отворете го патот за нови избори!“, истакна Вајдел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на АФД: За крзиата во Германија…

Алис Вајдел, шефицата на фракцијата Алтернатива за…

Филипче: ДУИ е симбол на корупција и…

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја отфрли…

И Бугарија остана без гас од Азербејџан

Бугарската државна компанија за гас Булгаргаз пред…

Дански медиуми: Синот на Трамп ангажира бездомници…

Доналд Трамп Џуниор, син на новоизбраниот американски…

Украина ќе го брани Гренланд во случај…

Во случај да се оствари најавата на…