Втор круг претседателски избори во Хрватска – фаворит е Милановиќ
Во Хрватска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори на кои ќе се бира меѓу актуелниот шеф на државата Зоран Милановиќ и Драган Приморац, кој е поддржан од владејачката ХДЗ. Избирачките места се отворени од 7:00 часот, а затвораат во 19:00 часот, а до тогаш е на сила изборниот молк.
Во првиот изборен круг, кој се одржа на 29 декември, Зоран Милановиќ освои 49,10 отсто од гласовите, додека 19,35 отсто гласаа за неговиот противкандидат Драган Приморац.
За гласање регистрирани се околу 3.8 милиони граѓани, а ќе гласаат на 6.755 избирачки места во земјата и во странство.
Предизборните анкети предвидуваат убедлива победа на актуелниот претседател, се очекува поголема излезност, иако, според аналитичарите, тоа нема да го промени односот на силите.
Во првиот изборен круг на гласање во Хрватска излегле 46,02 отсто од избирачите запишани во избирачкиот список.
„Суперизборната“ година ќе биде заокружена со вториот изборен круг за претседател на Хрватска, со оглед на тоа што минатата година во Хрватска се одржаа три изборни циклуси.
Освен претседателските, во април беа одржани и парламентарни, а во мај и избори за Европскиот парламент. Годинава се очекуваат и локални избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…
Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…
Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…