Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

t

Во Катлановско Блаце денеска се одбележуваат седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично ги загубија животите единаесет припадници на воздухопловниот ВИНГ, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

По тој повод делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положат венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце.

Припадници на воздухопловниот ВИНГ ќе положат свежо цвеќе и на спомен-обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Во хеликоптерската несреќа, пред седумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично ги изгубија животите потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност…

Семејствата на тројцата загинати во сообраќајната несреќа…

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…