ЦУК: 1.644 повици на бројот за итни случаи, најмногу кон полицијата
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 1.644 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
„Реални“ повици биле 56,45%, а 43,55% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 69,20%, кон Итната медицинска помош 25,36%, а кон пожарникарите 2,54% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 724 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“.
Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
На отворен простор не се регистрирани пожари во последното деноноќие, само во населени места и сите се изгаснати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…
Еден тон подмладок од крап денес е…
76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…
На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…
16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…
Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…