Илија Мелоски го фати Светиот Крст во Кисела Вода

t

🕊 Бог се јави браќа и сестри!

☦️ За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа.

☝️ За мене посебен, бидејќи денес е мојот именден.

👥 Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода.

☝️ Ги поздравувам и им се заблагодарувам на сите кои денес најпрво беа дел од литијата што започна од храмот Св. Ѓорѓи, се заблагодарувам на свештенството кое го предводеше овој убав настан во духот на нашата вера и традиција и на КУД ,,Китка” кои со својата песна овозможија настанот да има уште потрадиционална и посвечена нота, им честитам на сите скокачи кои имаа храброст и се обидоа да го извадат Светиот Крст од водите.

🤝 Посебна честитка до најсреќниот Илија Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство, а ние заедно со неколку општествено одговорни компании се потрудивме да го запамети овој ден и по повеќе награди.

❤️ Му благодарам и за големиот гест на овој исто така голем ден, наградите да ги донира на оние кои имаат вистинска потреба.

☦️ Да сте ми здрави и живи, в година повесели и помасовни!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Казино во Кичево крадело струја со уред…

Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…