Ѓоковиќ: Не дадов интервју затоа што ме навредија мене и српскиот народ!
Новак Ѓоковиќ објави видео во кое објасни зошто не даде интервју на теренот по денешната победа на Австралија опен против Јиржи Лехечка.
Ѓоковиќ релативно лесно со 3-0 го доби мечот и се пласираше во четвртфиналето, но српскиот тенисер одби да го даде вообичаеното интервју на теренот со Џим Куриер. Тој само ги поздрави фановите и замина.
Брзо потоа Ѓоковиќ објави видео на социјалните мрежи и објасни зошто го направил тоа. Причината е тоа што новинар кој работи за „Канал 9“, главен бродкастер на Австралија опен, пред неколку дена ги навредил српските фанови и него.
„Ви благодарам за подршката, одличен меч против Лехечка, сега се насочувам кон мечот со Карлос. Сега сакам само да ви кажам што се случи на теренот, причината поради која не дадов интервју што е практика по мечевите победникот да даде интервју, па сега сакам само да им појаснам на сите. Причината поради која решив да не го направам тоа е дека пред неколку дена, познат спортски новинар од тука од Австралија кој работи за главниот бродкастер на Австралија опен, „Канал 9“ одлучи да ги навреди српските фанови и упати навредливи коментари за мене. Се надевав дека ќе се извини јавно за тоа, но тоа не го направил уште, ниту „Канал 9“, па тоа е единствената причина поради која не го дадов интервјуто“. Секако дека чувството не е добро за мене, и беше малку незгодно на теренот. Имам огромна почит за Џим Куриер и секогаш сакам да зборувам со Џим, па им се извинувам на сите на теренот и оние покрај тв екраните, но морав да останам доследен на тоа што го одлучив. Се надевам работите ќе се променат до следниот меч“, рече Ѓоковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…
Јасин Мустафа, дете од година и пол,…
Регистрирани 15 пожари на отворено – седум…
Вкупно 15 пожари на отворен простор се…
Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…
Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов…
Од морето во областа Сарти, на Халкидики,…