ЕУ за протестите во Србија и оставката на Вучевиќ: Ја следиме политичката ситуација

t

Институциите на Европската Унија (ЕУ) внимателно ја следат актуелната внатрешно-политичка ситуација во Србија и големата мобилизација на студенти и други групи, изјави портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие.

Мерсие потсети дека слободата на собирање е основно право на ЕУ, кое треба да се штити и спроведува на мирен начин и со целосно почитување на владеењето на правото и јавниот ред.

„Загрижени сме за инцидентите против демонстрантите, за кои очекуваме брза истрага од српските власти. Имајќи ги предвид извештаите за напади и повредени студенти, вклучително и нападот во Нови Сад, потсетуваме дека според европските закони за човекови права, властите мора да ги заштитат учесниците на протестите од повреди или насилство од луѓе или групи кои се противат или сакаат да го спречат или нарушат протестот“, изјави портпаролот на ЕК, Гијом Мерсие.

Нагласи дека учеството на граѓаните игра витална улога во развојот на здраво и демократско општество, вклучително и промовирање на транспарентност и одговорност. Тоа, како што рече, се вредностите кои се основата на Европската Унија и кои Брисел очекува да ги прифатат сите земји кандидати.

Ги охрабри сите релевантни актери во Србија да ја решат ситуацијата преку дијалог и да се воздржат од ескалација.

„Сите политички актери треба конструктивно да се вклучат во меѓупартиски политички дијалог. Ова ќе овозможи вниманието и енергијата да се пренасочат кон завршување на реформите во клучните области на владеењето на правото и усогласување со правото на ЕУ со цел да се забрза процесот на приклучување на Србија кон ЕУ во интерес на српскиот народ“, додава портпаролот на Европската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска Давкова: 11 Октомври е вечен завет…

Претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод 11…

„Канал 12“: Пентагон наредил да се завршат…

Пентагон му наложил на американското Централно командување…

Итно соопштение до македонските државјани во Саудиска…

Апел за максимална будност, внимателност и следење…

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од…

Времето денеска ќе биде променливо облачно со…

Крвав напад врз аеродромот во Ријад: 12…

Дванаесет лица загинаа, а повеќе од 300…