Панама: Нема да има преговори со САД за каналот
Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино, денеска ја отфрли можноста за преговори со САД за Панамскиот канал додека се подготвува да му гостува на државниот секретар на Доналд Трамп, Марко Рубио, објави АП.
Мулино рече дека отворањето преговори за сопственост на каналот „е невозможно“.
„Не можам да преговарам, а уште помалку да отворам процес на преговори за каналот. Тоа (прашањето) е запечатено. Каналот е на Панама“, рече тој на својата неделна прес-конференција.
Панама, долгогодишен пријател на САД, се пожали во ОН поради заканата на Трамп.
Сепак, Мулино рече дека има заеднички прашања како што се миграцијата и борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога за кои со задоволство би разговарал со Рубио кога ќе ги посети во наредните денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…