Во Сплит, Загреб и Осиек се одржаа собири за поддршка на српските студенти
Собири за поддршка на српските студенти кои протестираат, денеска се одржаа во Сплит, во Осиек, како и во хрватскиот главен град Загреб, јавува „Нова.рс“.
Во Сплит се собраа неколку стотици граѓани на градскиот кеј, а меѓу транспарентите со пораки до Нови Сад имаше и натпис „Имаме ист повикувачки број (021)“. Учесниците молчеа 15 минути во знак на сеќавање на 15-те жртви во трагедијата во Нови Сад и уривањето на настрешницата на железничката станица.
Во повикот за собирот, пишува: „Студентите кои неуморно протестираат и ги блокираат факултетите се истрајни во својата борба за уредено и праведно општество“.
Во Загреб, пак, собирот броеше уште повеќе учесници, а го организираа студенти, кои носеа транспаренти на латиница и на кирилица.
„Денеска се собравме овде во навистина голем број за да изразиме порака за поддршка и солидарност до нашите колеги во Србија. „Она што студентите сакаат да им го кажат на своите колеги е дека солидарноста не познава граници, дека сите сме во ова заедно и дека не треба да се откажат од своите барања“, рече студентот Домагој Фук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкохол нема да се продава по 21…
Во Сплит стапи на сила нова одлука…
Загреб стана првиот европски град каде што…
Загреб стана првиот град во Европа каде…
Патник почина во авион во Загреб пред…
Патник починал на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во…
Голем пожар во компанија за рециклирање во…
Пожар избувна денеска нешто пред 15 часот…
(Видео) Драма во Загреб: Скокал по автомобили…
Несекојдневен инцидент се случил денеска околу пладне…