Во Сплит, Загреб и Осиек се одржаа собири за поддршка на српските студенти
Собири за поддршка на српските студенти кои протестираат, денеска се одржаа во Сплит, во Осиек, како и во хрватскиот главен град Загреб, јавува „Нова.рс“.
Во Сплит се собраа неколку стотици граѓани на градскиот кеј, а меѓу транспарентите со пораки до Нови Сад имаше и натпис „Имаме ист повикувачки број (021)“. Учесниците молчеа 15 минути во знак на сеќавање на 15-те жртви во трагедијата во Нови Сад и уривањето на настрешницата на железничката станица.
Во повикот за собирот, пишува: „Студентите кои неуморно протестираат и ги блокираат факултетите се истрајни во својата борба за уредено и праведно општество“.
Во Загреб, пак, собирот броеше уште повеќе учесници, а го организираа студенти, кои носеа транспаренти на латиница и на кирилица.
„Денеска се собравме овде во навистина голем број за да изразиме порака за поддршка и солидарност до нашите колеги во Србија. „Она што студентите сакаат да им го кажат на своите колеги е дека солидарноста не познава граници, дека сите сме во ова заедно и дека не треба да се откажат од своите барања“, рече студентот Домагој Фук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четворица медицински техничари осомничени за убиство на…
Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за…
Хаос во Сплит: За еден час падна…
Силно невреме утрово го зафати хрватскиот град…
Ученик во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
Сериозен напад се случи утрово, околу 8:00…
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Северина на протестот во Загреб: Тука сум…
Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…