Зеленски: Украина е поблиску до мир од кога било
Украина успеа да ја одбрани својата држава и независност и сега е поблиску до мирот од кога било во речиси три години од почетокот на инвазијата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Асошиетед прес“.
„Се бориме, живееме, правиме се за да дојдеме до мир. Сега сме поблиску до него отколку кога било во овие три години војна. Одбраната на нашата држава, независноста, нашата земја, главниот град, многу различни градови и села – успеавме во сето тоа“, рече украинскиот претседател.
„За жал, изгубивме многу луѓе. Горд сум на нашиот народ и нивната храброст. Кој можеше да замисли дека сето ова ќе се случи? Никој. Кој можеше да ги предвиди сите последици? Никој“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека Украина мора да направи се за да го стабилизира животот и сите граѓани конечно да видат мир.
„Мислам дека тоа е најважно“, додаде тој.
Зеленски ја коментираше и можната улога на американскиот претседател Доналд Трамп во постигнувањето мир.
Тој рече дека ако Трамп навистина сака да го натера рускиот диктатор Владимир Путин да потпише мировен договор, ќе успее.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Торнадо пустошеше низ Сицилија: Автомобили летале од…
Силно торнадо денеска го погоди западниот дел…
(Видео) Санкционирани возачите што се движеа со…
Полицијата ги идентификувала и ќе ги санкционира…
Ердоган од Истанбул: Газа е претворена во…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остри…
Сиљановска-Давкова со претседателката на турската Црвена полумесечина:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма…
Марк Маркес против новиот Мото ГП формат:…
Мото ГП од 2027 година воведува нов…