БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ И ПРИЈАВЕТЕ НА 192: Лажни полицајци се јавуваат кај стари лица и велат дека членови на нивните семејства усмртиле деца

t

Расте бројот на дрски измами за кои повеќе пати пишувавме изминатиов период. Измамници се претставуваат како полицајци, се јавуваат кај стари лица на кои им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни несреќи во кои усмртиле деца.

Потоа следува барање на парични средства со образложение дека ќе направат лицето да не лежи во затвор.

КУРИР дознава дека утрово измамниците се јавуваат кај постари лица со истата приказна. Како знаат кога старите луѓе се сами дома и дека баш во тој момент не можат да стапат во контакт со членовите на нивното семејство, останува да утврди полицијата. Како што дознаваме, еден од утринските обиди од стар човек да се изнудат пари со лажна пријава дека неговата ќерка згазила дете, беше неуспешен поради вмешување на друг член на семејството кој дознава за случајот и веднаш пријавува во полиција.

Полицискиот билтен изминатиов подолг период често е полн со вакви случаи. Голем број на граѓани наседнаа на измамите и останаа без целата своја заштеда, а некои и се задолжиле.

Сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор. Има и такви случаи кога измамниците ги доведуваат во заблуда оштетените дека телефонски разговараат наводно со сопственото дете, кое со вознемирен глас им кажува да прават тоа што се бара од нив.

-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица, која е најчесто телефонска, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192. Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на пријавените сторители на измами, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рудниците ги полнат локалните буџети: Речиси една…

Рударските општини во Македонија располагаат со сè…

Велес со нов рекорд: Направена пита долга…

Со сечење на џиновска пита долга 4,4…

Тошковски: Се сомневаме дека зад питачењето во…

Министерството за внатрешни работи истражува дали зад…

Ѓорѓиевски: Ги враќаме во функција старите градски…

По долгогодишна запуштеност, повторно ќе бидат ставени…

Протести во Њујорк откако агент на миграциската…

Стотици демонстранти излегоа на улиците на Њујорк…