Делегација на ДУИ положи цвеќе – Адеми: Визијата на Гоце Делчев остави траен белег

t

Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од Арбер Адеми денеска положи цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 4 Февруари, оддавајќи почит кон неговото историско дело и наследство. 

Визијата на Гоце Делчев, порача Арбер Адеми, остави траен белег и идејата на делчевизмот е идeологија која денес е понеопходна од кога било. 

– Коегзистенцијата, меѓусебното почитување, културното заемно збогатување се темелите по кои треба да ја градиме нашата заедничка иднина, така што, различностите коишто ги имаме не треба да бидат причина за поделби, туку напротив треба да бидат извор за поттик, сила и перспектива, изјави Адеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Да одиме на избори

„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…

ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…

ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа…

ДУИ две години молчеше, а денес, кога…