Ја киднапирал поранешната партнерка, ја удирал со тупаници и клоци и продолжил откако си ги пресекла вените

t

Битолчанец ја киднапирал својата поранешна партнерка, ја држел затворена во викенд куќа каде ја тепал со тупаници и клоци и продолжил откако си ги пресекла вените со нож.

Насилството се случило во октомври 2024 година, а против четириесетгодишниот насилник е поднесено обвинение, но тој е веќе во бегство.

-На 21 октомври 2024 година, обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд-куќа во атарот на селото Нижеполе. Притоа ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци по главата и телото, ја влечел за косата и телесно ја повредил. Неможејќи да го издржи насилничкото однесување, жртвата посегнала по нож и си ги пресекла вените на левата рака. И покрај тоа, обвинетиот продолжил да ја удира и да ја малтретира – соопшти Обвинителството.

Од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му била определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Со поднесеното обвинение сега, обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот. Јавниот обвинител веќе издал наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рудниците ги полнат локалните буџети: Речиси една…

Рударските општини во Македонија располагаат со сè…

Велес со нов рекорд: Направена пита долга…

Со сечење на џиновска пита долга 4,4…

Тошковски: Се сомневаме дека зад питачењето во…

Министерството за внатрешни работи истражува дали зад…

Ѓорѓиевски: Ги враќаме во функција старите градски…

По долгогодишна запуштеност, повторно ќе бидат ставени…

Протести во Њујорк откако агент на миграциската…

Стотици демонстранти излегоа на улиците на Њујорк…