Европската унија „ќе одговори“ на царините на Трамп, вели Париз

t

Европската унија „ќе одговори“ на новите царини објавени од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум во САД, како што направи за време на првиот мандат на републиканците во Белата куќа, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

„Тоа е нешто што Доналд Трамп го направи во 2018 година и ние одговоривме. „Повторно ќе одговориме“, рече Баро на телевизиската мрежа TF1 на прашањето за новите тарифи.

„Нема двоумење кога станува збор за одбрана на нашите интереси “, нагласи тој.

Францускиот министер додаде и дека Европската комисија има мандат да дејствува во оваа насока.

„Комисијата е подготвена да го повлече чкрапалото кога ќе дојде време. Сега дојде време. Не е во ничиј интерес да започне трговска војна со ЕУ“, рече Баро .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хитлер Мусолини стана градоначалник во Перу

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е избран за…

Полицијата во засилена акција: 161 прекршок кај…

Полицијата вчера спровела засилени сообраќајни контроли низ…

Владата ја продолжува мерката за намалување на…

Владата ја продолжува мерката со која ДДВ…

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното…

Америка подготвува јавна егзекуција по 90 години:…

Американската војска планира во живо да ја…