Го грабнал со сатар затоа што му должел 20 илјади денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување”. Тој, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, околу 01.30 часот на 08.02.2025 со употреба на сила и погоден алат влегол во домот на М.Б.(51) од Скопје, физички и со тврд предмет го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите.
Подоцна, М.Б. успеал да избега и настанот го пријавил во полициска станица, а по преземени мерки во 15.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Ј., по што бил извршен претрес во неговиот дом, од каде бил подигнат доказен материјал. По консултација со јавен обвинител, против Т.Ј. е поднесена кривичната пријава, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…