Тајани: Западен Балкан во ЕУ до 2030 година
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска во Рим на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, со кој претседаваше, изјави дека целта е сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ до 2030 година. За изборите во Косово, Тајани рече дека се надева оти по изборите ќе помине тешкиот период.
„Можеби би можело да потрае подолго за Босна и Херцеговина, но Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија имаат потенцијал да ги исполнат овие рокови“, рече Тајани, пренесува Анса.
Тој посочи дека целта на средбата е да се забрза пристапот на земјите кои не се членки на ЕУ.
„За Италија не е интересен само политичкиот, туку и економскиот“, рече Тајани и потсети дека пред неколку дена во Србија имаше бизнис форум и дека се надева дека извозот на Италија на Балканот може да расте.
Тајани ја истакна важноста на Трст, град кој, како што наведе, може да биде главно референтно пристаниште на целиот Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…
Ел Нињо се буди во Пацификот и…
Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не…
Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска…
Турција ја претстави својата прва интерконтинентална балистичка…
Турција претстави прототип на својата прва интерконтинентална…
Македонија е трета на Балканот – Слободата…
Слободата на медиумите во светот е на…
ЕУ ги отфрли сите предлози на превозниците…
Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози…