Објавено на:

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено утро, преку ден облачно – во делови од Македонија услови за снег

t

Утрото ќе биде студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Од УХМР информираат дека до среда времето ќе се задржи стабилно и студено особено наутро, потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст.

Утре попладне на југозападот ќе има појава на слаб повремен снег, а во среда најпрвин во планинските региони потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег на пониските места од дожд и снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и на повисоките места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…