Во конзервираната туна присутна голема концентрација на жива – Чибишев ги повикува надлежните на внимателност

t

Европските институции за контрола и безбедност на храната алармираат за присутна голема концетрација на жива во конзервирана туна и повикуваат на внимателност и построги контроли на храната што се увезува во земјите на ЕУ, пишува на социјалните мрежи, Андон Чибишев, од Клиниката за токсикологија.

„Некои примероци имале дури 13 пати повисока концентрација на жива од дозволената.
Живата е тежок метал, чии соединенија внесувани во организмот може да предизвикаат тешки неповратни оштетувања на централниот нервен систем, бубрезите и коскената срцевина. Депонирани во човечкиот организам може таму да останат со години. Предизвикуваат сериозни оштетувања на мозокот и периферните нерви, компромитирање на функцијата на бубрезите и нарушување во циклусот на зреење на клетките од крвната лоза“, потсетува Чибишев.

Предупредува дека се особено опасни кај малите деца и трудниците.

Ги повика македонските институции задолжени за безбедност на храната на внимателност

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му го украле автомобилот со оставени клучеви…

Жител на тетовското село Жилче пријавил дека…

Грците открија 7,3 милиони шверцувани цигари: Со…

Грчките власти заплениле околу 7,3 милиони шверцувани…

Кокаин скриен во тропско овошје стигнувал во…

Голема меѓународна полициска операција доведе до разбивање…

Грозданова: Четири сомнителни случаи во Хрватска беа…

Информациите за четири сомнителни случаи на остеитис…

„Тешко е да се живее со депресија“…

„Тешко е да се живее со депресија“,…