Меџити даде силно ветување за вработување на Албанци во државната администрација
Првиот заменик-претседател на Владата и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, даде силно ветување за вработување на Албанците во државната и јавната администрација. На партискиот настан по повод основањето на огранокот на Демократското движење во Шуто Оризари, Меџити истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански политички субјекти.
„За прашањето на вработувањата, за една година ќе направиме онолку вработувања колку што тие направија за два мандати, осум години во Владата. Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата”, изјави Меџити.
Тој додаде дека Демократското движење е посветено на обезбедување поправично и подостоинствено претставување на Албанците во државните институции, создавајќи конкретни можности за вработување и професионален развој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама вели дека Албанија нема да им…
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека…
Евростат: Албанците најбројни по добиени државјанства во…
Околу 1,2 милиони луѓе добиле државјанство на…
Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци во…
Италијанските медиуми известуваат дека пред два дена…
Ахмети со честитка на независноста: Нема никаква…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати честитка…
Во Швајцарија има над 3.000 милионери Албанци…
Претставникот на Глобалната мрежа на бизниси од…