Песков: Потребно е да се помине долг пат за да се врати довербата во Америка
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија верува во себе, а да се зборува за доверба во Соединетите Американски Држави „мора да се помине долг пат“.
-Треба да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба – изјави Песков.
Тој истакна дека американските лидери покажале политичка волја да го обноват дијалогот со Русија, кој беше сведен „практично на нула“ за време на претходната администрација.
-Преземени се мерки за нормализирање на дијалогот, пред сè, нормализација на работата на нашите дипломатски ресори на реципрочна основа- рече Песков.
На новинарско прашање за наводните планови за распоредување мировни сили во Украина, тој посочи дека разговорите за можни заеднички проекти меѓу САД и Русија и економската соработка меѓу двете земји ќе дојдат на ред откако ќе се реши ситуацијата во Украина.
-Ќе има време да се разгледаат можните проекти за трговска, економска и инвестициска соработка. Постојат многу широки изгледи за ова – рече Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…
За време на денешниот протест во Тирана,…
Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…
Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…