Објавено на:

Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата на ОН

t

Кремљ го прифаќа извинувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за грешката при гласањето за „антируската резолуција“ на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Се разбира, го слушнавме извинувањето и го прифаќаме. Се случуваат технички грешки и таквата брза реакција на шефот на државата не импресионира многу“, рече Песков, пренесе РИА.

Вучиќ синоќа изјави дека Србија гласала „за“ за усвојување на европската резолуција за Украина, но оти смета дека таа направила грешка и требало да се воздржи.

Долг пат треба да се помине за да се врати довербата во САД
Портпаролот на Кремљ изјави и дека Русија верува во себе, а за да се зборува за доверба во Соединетите Американски Држави (САД), „мора да се помине долг пат“.

„Треба да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба“, изјави Песков за новинарите, пренесе агенцијата РИА.

Додаде дека и на Русија и на САД им требаат мали чекори едни кон други за да ја вратат меѓусебната доверба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…