Објавено на:

Каква идеологија, борбата секогаш е за пари! И Путин му нуди на Трамп ретки минерали и од Русија и од Украина

t

Русија им понуди на САД заеднички да ги експлоатираат ретките минерали на украинска територија што е под руска окупација. „Спремни сме да привлечеме странски партнери за овие таканаречени нови територии, до нашите историски територии, кои ѝ ги вратиме на Руската Федерација“, изјави претседателот Владимир Путин. Тој додаде дека американските инвестиции се добредојдени и во Русија, на пример во топилницата за алуминиум во Краснојарск.

Путин објасни дека Русија има „многу поголеми резерви на ретки минерали“ и воопшто не ѝ пречи САД со украински руди да ги наплатат стотиците милијарди долари што му ги даваа на Киев како воена и друга помош.

Володимир Зеленски ја одби првата понуда од САД, со која Украина требаше да им даде на САД 50% од профитот од своите руди. Втората понуда е уште посурова – Киев да се откаже од ќарот од рудите, нафтата и гасот, плус од пристаништата и инфраструктурата, сè додека фондот за компензација не достигне 500 милијарди долари.

И Европската Унија со задоцнување му понуди на Киев „вин-вин“ зделка за украинските критични материјали. „Поволноста на понудата од Европа е тоа што ние никогаш нема да бараме договор што не е во заедничка полза“, изјави еврокомесарот за индустриска стратегија Стефан Сежурне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…

За време на денешниот протест во Тирана,…

Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…

Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…

42 годишна жена од Македонија загина во…

Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…

21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…

Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…

Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…