Српската нафтена компанија на стаклени нозе, за два дена ќе се знае нејзината судбина
Се наближува „Денот Д“ за Српската нафтена компанија (НИС), имајќи предвид дека за два дена треба да стапат на сила американските санкции, под кои компанијата се најде поради фактот што нејзин мнозински сопственик е руски Газпром. Банките веќе почнаа да го подготвуваат теренот за затворање на сметките на компанијата и се уште постои надеж дека ќе се добие одобрение за продолжување на рокот. Во тек се финални разговори меѓу адвокатските канцеларии застапници на НИС и ОФАК и се чини дека сите сценарија се во игра.
Српската нафтена индустрија, со поддршка на владите на Србија и Унгарија, на почетокот на февруари испрати барање до американското Министерство за контрола на странски средства (OFAC) за одложување на санкциите за најмалку три месеци, но нема одговор, барем според она што е познато во јавноста, досега, пишува Нова.рс.
Поранешниот министер за надворешни економски односи и адвокат Милан Париводиќ изјави дека би било одлично доколку се донесе одлука за одложување на санкциите, но тешко дека тоа ќе се случи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…