Намерата на Македонија да увезува отпад за горење од ЕУ ги налути еколошките здруженија
Отпад долж земјоделските и јавните површини, во рурални и урбани средини. Македонија тоне во смет со децении, а ниту една депонија во земјава не работи според стандардите
И додека Македонија се гуши во разновиден смет, владата најавува увоз на 18 видови неопасен отпад.
Најавите на власта наидоа на остри реакции од еколошките организации. Од невладината „Грин“ велат дека Македонија веќе со децении увезува ваков отпад. Истиот од која се офајдуваат неколку поединци завршува во диви депонии, кои намерно се палат загадувајќи ја почвата, воздухот и водите.
„Мафијата со отпадот цвета низ цела држава институциите се запознани а не презмеаат мерки. Депонијата во Кочани не гореше оти сама се палеше, таа некој ја палеше и таа преставуваше фабрика за горење на електронски отпад за поединци кои од ова правеа милионски суми. Во Кочани откако се стави ред сега имаме палење на други депонии на други места, рече Ана Симонова.
Најавениот увоз на Владата само ќе го легализира криминалот со отпадот, кој до сега во Македонија завршувал преку соседните земји, велат активистите. Од опозициската СДСМ бараат државата да го реши менаџирањето со домашниот отпад па потоа да размислува за увоз.
„Македонија се гуши во сопствениот отпад, општинските депонии се нестандардни, системите за регионално управување со отпад не се воспоставуваат,а диви депонии никнуваат секој ден се повеќе. Не е прашањето дали станува збор за отпад од тн зелена листа, и дали истиот би се увезувал како суровина, станува збор за неисполнети услови во државата за управување и сериозна контрола на отпадот, велат од СДСМ
Дали Македонија ќе ги отвори границите за странскиот отпад ќе одлучи Европската комисија, велат од Владата Таа треба процени дали сме подготвени да ги исполниме еколошките стандарди.
За увоз на европски отпад аплицирале Србија и БиХ, како и дваеестина земји од Азија и Африка, меѓу кои и Бангладеш, Пакистан и Нигерија. Европа создава многу повеќе смет отколку што рециклира. Над 60% од комуналниот отпад се уште завршува на депониите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…