Објавено на:

Трамп откри дека Зеленски му испратил писмо: Подготвен е за преговори

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добил писмо од Володимир Зеленски во кое изразил подготвеност да започне мировен дијалог.
„Во писмото се наведува дека Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи до траен мир и дека никој не сака мир повеќе од Украинците. Зеленски исто така напиша дека неговиот тим и тој се подготвени да работат под силно водство на претседателот Трамп за да се постигне траен мир. Тој исто така пренесе дека ја цени американската помош за Украина во зачувувањето суверенитет и независност“, рече Трамп во обраќањето до Конгресот.

Американскиот претседател откри и дека имал сериозни разговори со Русија од кои, како што рече, добил силни сигнали дека е подготвена за мир.
„Време е да се запре ова лудило, да се запре убиствата и да се стави крај на бесмислената војна. Ако сакате да ставите крај на војните, мора да разговарате со двете страни“, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…