Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Суџа преку гасовод
Руската војска се обиде да го врати градот Суџа, кој е под контрола на Украина, во западниот руски регион Курск, испраќајќи војници преку гасовод, соопштија украински воени власти.
Генералштабот на украинската армија доцна синоќа соопшти дека руските сили биле „навреме откриени“ од тим за воздушно извидување и одбиени со проектили, артилерија и дронови, пренесе ДПА.
Информациите не можат да се потврдат од независни извори. На руските воени блогови претходно беше јавено за обид за напад врз Суџа.
Гасоводот што се користел, наводно, бил дел од системот што ја снабдувал Европа со руски гас до почетокот на годинава. Цевките се со дијаметар од 1,4 метри.
Украина три години се брани од руска инвазија. Минатото лето, украинските сили зазедоа делови од регионот Курск во ненадеен контранапад. Меѓутоа, во последниве месеци, тешките борби ги потиснаа назад.
Украинските трупи во регионот, наводно, се соочуваат со дополнителни тешкотии, веројатно поради прекинот на размената на разузнавачки информации од страна на САД, вклучително и сателитски снимки.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече офанзивата на Курск важен адут во потенцијалните преговори со Москва.
Руските сили продолжуваат да окупираат приближно една петтина од територијата на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…