Жерновски: Добредојдовме во новото ненормално, во кое сме западнобалканска копија на Орбан

t

Поранешниот амбасадор и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, преку објава на социјалните мрежи реагира на владината надворешна политика.

„Се јави вистинскиот министер за надворешни работи, со што добивме потврда дека тој и ден-денес е креатор на македонската дипломатија кога неговата партија е на власт.

Секако, и за да го укори оној што мисли дека е министер и кој нѐ уверува дека, како беше она… а да: САД се стратешки партнер, а ЕУ стратешка цел. Генијално!

Уште погенијално е да се фалите на глас дека надворешната политика ви е на иста линија и усогласена со онаа на Орбан, познатиот енфан терибл на ЕУ“, вели Жерновски.

Во напишаното тој додава дека додека еврокомесарката за проширување, Марта Кос, информира дека Црна Гора и Албанија би можеле да ги завршат преговорите за членство во ЕУ во 2026, ние упорно тонеме ли тонеме.

„Да, тоа е онаа иста Албанија за која нѐ молеа да не се издвојуваме од неа и да ја почекаме. Потоа нѐ стигна, набргу и нѐ престигна благодарение на „успешната диломатска офанзива“ на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, добредојдовме во новото (не)нормално, во кое, меѓу другото, сме западнобалканска копија на Орбан.

Среќа што станавме, како што ни кажа премиерот, најголема економска сила на ова подрачје, па некако се намалува горчливиот вкус од неговото владеење.

Добро е. Економијата цвета, платите растат, цените паѓаат.

Има надеж“, стои во објавата на Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажеле дека купуваат трактори, трвделе дека се…

Неправилности при користењето на финансиската поддршка во…

Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…

Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…

Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…

Прекин во услугите на Microsoft на 12…

Две години затвор за поранешниот директор на…

Основниот суд во Битола му изрече две…

Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…

Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…