СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ никој не му треба кога е на власт
Неверојатна е хипокризијата и лицемерието на ДПМНЕ. Според изјавите на претседателот на ССМ, Трендафилов, ДПМНЕ, додека беа во опозиција, постојано имале тајни средби со синдикатот со цел да ги издејствуваат своите политички цели за напад на тогашната власт предводена од СДСМ. Лицемерната ДПМНЕ тогаш беше и за работниците и за синдикатот, даваше силна поддршка на протестите на ССМ пред Собранието. ДПМНЕ ги поднесуваше барањата на ССМ во Собранието како закон. Денес се потврди дека работниците им биле потребни само за да ги остварат своите лични политички амбиции. Сега, кога дојдоа на власт, никој не им треба, но граѓаните ова ќе го казнат, велат од СДСМ.
„Ваква измама и понижување на граѓаните, кои чесно работат и со право бараат поголеми плати, никој никогаш не направил. Оваа влада е влада против граѓаните и работниците, против сите кои бараат подобар живот. Пари има за папаја, манго, аспарагус и приватни летови, но нема за оние кои едвај врзуваат крај со крај. Неспособното ВМРО-ДПМНЕ не може да ги намали ниту цените во маркетите и ги остави трговците да се збогатат за три генерации на грбот на народот, но нема пари за повисоки плати. Ваква ненародна власт немало во историјата и ќе биде казнета за ова“, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…
Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…
Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…
Прекин во услугите на Microsoft на 12…
Две години затвор за поранешниот директор на…
Основниот суд во Битола му изрече две…
Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…
Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…
Кушнер и Виткоф во Москва по договорот…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…