Син на поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е поставен каде што се пресметуваат сметките за струја, обвинуваат од СДСМ
СДСМ обвинува дека Владата е директно одговорна за високите сметки за струја кои се покачени и до 30%. Според нив минатата година околу 240 000 мегават часови помалку во нашиот домашен систем, а се направил увоз од 36 милиони евра на грбот на народот.
-Во време на светска енергетска криза, кога мегават час изнесуваше и до 550 евра граѓаните плаќаа помали сметки за струја, за разлика од денеска кога плаќаат повисоки сметки а мега ват час изнесува 120 евра. СДСМ поднесе закон за намалување на сметките на струја на граѓаните но Мицкоски и тоа го одби. Понатаму, во управниот одбор на ЕВН владин претставник е член на ДПМНЕ, Игор Гиевски. Во ЕВН ХОМЕ каде што се пресметуваат сметките е син на поранешен градоначалник на ДПМНЕ, Митревски. Сè е во рацете на ДПМНЕ, а Мицкоски не може да избега од одговорноста, се вели во партиското соопштение од „Бихаќка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…
Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…
На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…