(Видео) Благојчо Георгиев низ солзи открива: Дискотеката во Кочани беше излепена со најевтина изолација од сунгер, вриеше од малолетници
Во срцепаретелно видео, кочанчанецот Благојчо Георгиев од здружението „Хендикеп“ сведочи дека две години негови луѓе ја обезбедувале дискотеката во Кочани, каде што утринава загинаа над 50 млади луѓе по настанат пожар. Тој вели дека изолацијата била направена од најевтини материјали и дека не му е јасно кој ја дал дозволата за работа.
„Душата ме боли, две години мои луѓе ја обезбедуваа дискотеката. Газдата е едно парољупче, не постои таков друг што сака толку пари. Јас колку што знам, дискотеката внатре е целата излепена со најевтина изолација, со сунгер!? Јас бев присутен додека се правеше! За тоа ќе ме пакуваат некои, зашто јас зборувам. Ајде спакувајте ме, спакувавте 60 фамилии, само во кочанската болница до сега има 63 луѓе, деца по 15, 16 години“, вели Георгиев и додава:
„Јас му викав, алоо, деца по 15 години влегуваат во дискотеката, он вели ако, остави карти да земеме. Кој даде дозвола, таа шупа дискотека да се направи? Кој направи контрола? Лично јас имам пријавувано дека таму има еден куп малолетници, и после Бажо е ретардиран, лош, зборува после сите. Не против сите, зборувам против системот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…