(Видео) Пожарот во Кочани прогласен за најсмртоносниот пожар во Европа последнава декада: Би-Би-Си со детална анализа зошто загинаа толку луѓе
Зошто загинаа толку многу луѓе во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани? Пожарот усмрти 59 луѓе, повеќето од нив тинејџери. Би-Би-Си денеска објавија своја детална анализа на овој случај.
Прво, тие го разгледуваат локалот, кој порано бил складиште за килими и кој немал лиценца за да работи како ноќен клуб.
ДНК настапуваат внатре и од повеќе снимки се гледа дека прскалките пред сцената исфрлаат искри кои започнуваат пламен. Набрзо потоа, луѓе се обидуваат да го изгаснат оганот со противпожарни апарати.
Како прв смртоносен фактор, Би-Би-Си го наведуваат тоа што таванот бил направен од лесно запалливи материјали, а ѕидовите од гипскартон, кој не е огноотпорен. Пожар избива во објектот, по што луѓето се обидуваат да излезат надвор.
Вториот смртоносен фактор е тоа што нема доволно излези во случај на пожар. Има само еден начин да се излезе надвор, а тоа е преку главниот влез на дискотеката. Има уште еден импровизиран излез во случај на опасност во задниот дел на локалот, но вратата е заклучена и нема квака однатре.
Тоа значи дека околу 500 луѓе мораат да излезат надвор од истиот излез, со што предизвикуваат стампедо и голем број на смртни случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…
Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…
На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…