„Мислев дека нема да преживеам“: Приказна на преживеан од хоророт во дискотеката во Кочани!

t

Повеќе од половина час им требало на некои луѓе да се евакуираат од опожарената дискотека во Кочани. Продолжува истрагата за причините кои довеле до инцидентот во кој животот го загубија 59 млади лица.

„Мислев дека нема да преживеам. До мене имаше една девојка, а над мене имаше 3-4 луѓе. И така бевме притиснати заедно“.

Така започнува приказната на еден од младите кои таа кобна ноќ биле во дискотеката Пулс.

По негово барање, бугарската БТВ која направила ексклузивно интервју идентитетот го чува во тајност – тој моментално е во болница со изгореници, но жив.

„Бевме до сцената, почна песната но и распрскувачот на пиротехниката. И во моментот кога почна да фрла искри, почнавме да гледаме оган одозгора. Не мислевме дека е сериозно затоа што гореше бавно. Но наеднаш настана паника. Се турнаа неколку маси и почнаа луѓе да бегаат. Пејачот Андреј им рече на сите да излезат надвор и дека ќе се вратиме за 10 минути. Сите истрчавме надвор.”, раскажува младиот човек.

Како што вели, имало само две врати, од кои едната била затворена затоа што во моментот имало полициска акција.

„Имаше само двајца или тројца полицајци. Но, тие не направија ништо. Децата, кои беа малолетни, се исплашија и отидоа во тоалет. И тие се плашеа дека ќе бидат одведени надвор. Сите беа исплашени“, вели тој.

Според него, тие не биле исплашени на почетокот, но во еден момент кога на големо пламнал пожарот сфатиле дека е вистински.

„Кога стигнав до вратата, бев блиску до неа, и не можев да излезам, од чадот не можев да видам ништо. Мислев дека нема да преживеам. До мене имаше девојка, а над мене имаше 3-4 луѓе. И така бевме стиснати”, вели тој.

Најмалку половина час не можеле да ја напуштат дискотеката.

„Кога излегов, не можев да одам бидејќи едната нога ми беше парализирана. Не можев да се вратам за ниту еден од другите луѓе. Тоа не ми беше физички возможно. Оние кои беа надвор успеаја да се вратат внатре, но јас не можев. И келнерот кој беше пријател на мојот брат веднаш ме стави во автомобил, а имаше и девојка која беше ставена на задниот дел”, вели момчето. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…