АВМУ: Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места и блиски членови на семејствата

t

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги
повикува медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани.

При пренесувањето на информациите, вклучително и преку социјалните мрежи, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да им се дозволи достоинствено да се збогуваат со саканите. Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и треба да ги почитуваат приватните моменти за дополнително да не ја зголемуваат болката на ужалените, велат од АВМУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ до „вечниот директор на АВМУ“: Заради…

Заради вас Македонија ќе изгуби спор во…

АВМУ реагира на односот на новинарот кој…

„Во врска со непристојниот однос на новинарот…

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во…

Зоран Трајчевски ќе ја раководи  Агенцијата за…

АВМУ го осудува нападот врз редакцијата на…

По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во…

Виши управен суд: Тужбата на Левица против…

Вишиот управен суд, на седницата одржана на…