(Видео) „Би-би-си“ со реконструкција за пожарот во Кочани
„Би-би-си“ направи реконструкција на пожарот во дискотката „Пулс“ во Кочани, во кое објаснува зошто толку многу луѓе загинале.
Во реконструкцијата „Би-би-си“ се осврнува на просторот кој во минатото бил магацин за теписи, и нема соодветна лиценца за да биде дискотека.
Според нив, два фактори се клучни за тоа зошто и како огнот толку брзо се распространил низ објектот кој како што нагласуваат и тие, имал само еден влез и излез.
„ДНК почнуваат со настапот внатре. На најмалку три различни се гледа пиротехниката пред сцената, со што започнува огнот. Кратко потоа, луѓе се обидуваат со противпожарни апарати да го изгаснат. Првиот смртен фактор е дека таванот е направен од запаливи материјали, а ѕидовите од гипс картон не се отпорни на оган. Пламенот се шири низ зградата. Тука може да видите луѓе како се обидуваат да излезат надвор. Вториот фактор е недостатокот на излези во случај на пожар. Властите велат дека имало само еден излез, а тоа било назад зад главниот влез. Постоел овој наводен излез за итни случаи позади. Но, јавниот обвинител вели дека вратата била заклучена, но и онака немало рачка на вратата од внатре. Тоа значело дека околу 500 луѓе, морале да се обидат да излезат од каде што дошле, со што се создало стампедо и така висок степен на смрттни случаи“, се додава во видеото со реконструкција од катастрофата.
Видеото погледнете го тука:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…
Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…
Две години затвор за Пеце Матевски, условни…
Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски,…
Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…