Болен статус на граѓанин од Кочани: Плаќаме пензиско – не ја дочекуваме пензијата, плаќаме здравство – се лекуваме во странство!

t

На фејсбук станицата на Кочани се споделува објава на граѓанин во која порачува дека се открива реалноста која ја живееме.

„Плаќаме пензиско – не ја дочекуваме пензијата. Плаќаме здравство – се лекуваме во странство. Плаќаме патарина – гинеме на патиштата. Плаќаме комуналии и ѓубрарина – се давиме во ѓубре и смет. Гласаме на избори – им ги полниме патните трошоци, а тие лажат, крадат, подмитуваат и го уништуваат системот.

Жалам за мојата генерација, која создаде државни чиновници што го продолжија истиот пат што го трасираа „транзициските профитери“. Се срамам од младите, образованите, „прогресивните“, кои слепо ги следат партиските директиви, без свое „јас“, изразувајќи го својот став исклучиво преку „матичната“ партија.

Но, сè уште се надевам – дека ќе се појави нова младина. Прошетана, паметна, „префригана“, со визија и сила да го смени ова.

Во спротивно… ќе не снема како нација“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…

Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…

Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…

Две години затвор за Пеце Матевски, условни…

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски,…

Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…

На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…

Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…

Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…