Се бара притвор за 24 лица од 27 осомничени – Тројца се во болници во Македонија и странство и се под 24-часовен надзор на полиција!
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани.
На прашање на Инфомакс од ОЈО за колку од овие 27 лица е побарана мерка притвор и на колку судот им има определено таква мерка од обвинителството одговорија дека до овој момент 16 лица се во притвор.
Во детали се објаснува дека од 27 осомничени лица се бара притвор за 24 лица затоа што 3 се уште се хоспитализирани меѓу кој едниот е Владимир Блажев Панчо кој во моментов е на лекување во болницата Систина каде споре наши информации го чуваат поголем број на полициски службеници, еден од осомничените е на лекување во Шведска другиот на лекување во Шпанија.
Како што и претходно напоменавме за 16 ее веќе определен притвор, за останатите осум лица рочишта за определување мерка притвор се во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…