Објавено на:

Илјадници луѓе протестираа по апсењето на градоначалникот на Истанбул

t

Трета ноќ по ред граѓаните на Турција излегоа на протести на повеќе места во државата, барајќи оставка од владата поради апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу.

И покрај забраната за протести, луѓе ги преплавија улиците во Истанбул, Анкара и Измир, објавија локалните медиуми. Во Истанбул демонстрантите побараа оставка од владата.

Во протестите, полицијата употребила солзавец против демонстрантите кои пробувале да ја пробијат полициската блокада. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека на протестите до нешто пред полноќ биле уапсени 97 лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно ги нарече протестите „уличен терор“ и ја обвини опозицијата бидејќи се обидува да создаде „хаос“.

„Ние нема да прифатиме уништување на јавен имот и немири под никакви околности“, изјави Ердоган.

Градоначалникот Имамоглу беше уапсен во средата, неколку дена пред да биде номиниран за претседателски кандидат на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).

Тој е обвинет за тероризам и корупција, а од опозицијата тврдат дека ова е политички прогон на конкурентот на сегашниот претседател Ердоган. Имамоглу денеска треба да биде изведен пред суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…

Девојка од 22 години стана прв тренер…

Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…

(Видео) Анталија е во пламен — почина…

Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…

Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Турција заработи над една милијарда долари од…

Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул…