„Кочани, Кочани“ ечеше на стадионот во Лихтенштајн во 59. минута

t

Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Лихтенштајн со 3-0 на гостински терен во Вадуз во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Нашите најдобри македонски фудбалери поведеа со голот на Александар Трајковски во седмата минута, а Висар Муслиу го зголеми водството со гол во 42. минута. Конечниот резултат го постави Бојан Миовски со гол во 84. минута.

Во еден дел од мечот, поточно во 59-тата минута, целиот стадион „Рејнпарк“ скандираше „Кочани, Кочани“, во спомен на 59-те загинати во тешката трагедија во кочанската дискотека „Пулс“.  На трибините имаше повеќе илјади Македонци од околните европски земји.

Ова беше прв натпревар од групата Ј во која се уште Белгија, Казахстан и Велс.

Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во Канада, Мексико и САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…