Комити Скопје: Нема да присуствуваме на натпреварот во Битола – во почит на жртвите од Кочани

t

Навивачката група Комити Скопје соопшти дека нема да присуствува на следниот натпревар на ФК Вардар, кој ќе се одигра на 29 март 2025 година во Битола против екипата на Пелистер, во знак на почит кон жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Во знак на почит кон жртвите на трагедијата во Кочани, како и во знак на солидарност кон сите преживеани и кон сите семејства погодени од големиот ужас, одлучивме дека нема да присуствуваме на следниот натпревар на ФК Вардар“, стои во соопштението.

Од групата порачуваат дека во моменти на национална тага и жалост, ова е единствената логична одлука која можеле да ја донесат.

„Вардар во срцето, Македонија во душата!“ – завршуваат Комити, упатувајќи силна порака на солидарност и емпатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Казино во Кичево крадело струја со уред…

Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…